Плакот е најголем непријател на оралното здравје. Се создава од меки пластови на живи и неживи микроорганизми, измешани со полисахариди и гликопротеини. Тој е производ на размножувањето на микроорганизмите и нивниот метаболизам. Плакот е сè поголем доколку се консумира кашеста, мека и леплива храна богата со јаглени хидрати.
На секој му се појавува плак, бидејќи постојат бактерии кои живеат и се создаваат во устата, и тие не можат да се видат со голо око. Плакот е присутен кај секого, без оглед на хигиенските навики – ова се должи на храната што се консумира, но дури и доколку не консумирате храна неколку дена, плакот сепак може да се образува. Еден од првите знаци на пародонтопатија е воспаление на гингивата, односно непцето
(т.н. гингивитис), кое може да се забележи по благото црвенило на гингивата, наместо вообичаената бледорозова боја. Воспалението на гингивата е проследено со лесен оток и спонтано крварење коешто се јавува при четкањето на забите. Доколку не се спроведе навремен и правилен третман, болеста и понатаму се развива. Во следните фази доаѓа до повлекување на гингивата, до соголување на забните вратови и зголемување на чувствителноста на забите на надворешни дразби и четкање. Секако, најнепосакуваниот исход од нетретираната пародонтопатија е расклатување и отпаѓање на забите!
Создавањето на плакот може да се избегне со секојдневна нега:
Хлорхексидин диглуконатот е активна состојка во повеќето од пастите и растворите на Лакалут, а неговото дејство е клучно за наслагите, т.е. за негова „хемиска контрола“, како дополнување на механичката хигиена. Дејствува како антисептик, односно е т.н. „златен стандард“ за орални антисептици, заради широкиот спектар на дејството и нештетноста за нормалната орална флора (вообичаено присутните непатогени слоеви на микророганизми во усната празнина), дури и при подолга употреба.
Хлорхексидинот има можност да влијае на растворањето на веќе образувани наслаги, како и превенира од создавање на нови, така што ги блокира метаболитичките процеси на патогените микроорганизми, го спречува нивното размножување и/или ги неутрализира разградните производи и самите микроорганизми.
Хлорхексидинот има т.н. депо ефект , т.е. останува уште 4-5 часа по употребата во усната празнина, дополнително дејствувајќи на површината на забите и на оралната слузница.


Забниот камен е тврд слој којшто доведува до појава на дамки и промена на бојата на забите. Забниот камен се формира кога плакот што се наоѓа на површината на забите доаѓа во контакт со минералите од плунката. Забниот камен е со жолта или кафена боја, која се формира когa плакот се минерализира на забите. Склоноста кон создавање забен камен е индивидуална. Генерално, со текот на годините, секој човек станува посклон кон создавање забен камен.
Забниот камен е со жолта или кафена боја и е видлив на горниот дел од забите. Забниот камен се отстранува само од страна на стоматолог, со професионално чистење.
Појавата на забен камен може да доведе до гингивитис и болест на непцата, и затоа е важно да се преземат следните чекори за превенција:
Непријатниот здив вообичаено се појавува кога не се води правилна и редовна орална хигиена. Најчести причинители на непријатниот здив се бактериите што разградуваат сулфурни соединенија. Нездравите навики како пушење, консумирање алкохол и нездрава исхрана може да предизвикаат инфекции во устата. Други виновници се сува уста, инфекции на респираторниот тракт, дијабетес, заболување на бубрезите, црниот дроб, болести на белите дробови, како и гастроинтестинални проблеми кои вклучуваат и проблеми со варењето на храната.
Непријатниот здив се разликува кај секоја индивидуа и зависи од причината на настанувањето. Додека некои индивидуи посветено се грижат да го отстранат непријатниот здив, други дури и не знаат дека го имаат. Бидејќи сами не можете да почувствувате дали имате непријатен здив, најдобро ќе проверите така што ќе ја поставите дланката пред вашата уста и ќе испуштите здив за да можете да помирисате. Најдобро е да посетите стоматолог, кој ќе ви ја објасни причината за постоењето на непријатниот здив и ќе ви препорача третман.
Генерално, најдобар начин за да се заштитите од непријатен здив е секојдневно да ги миете забите и да користите забен конец. Постојат и други техники, но најдобро е да се консултирате со вашиот стоматолог.
Линијата Лакалут флора е специјално наменета за проблеми со непријатен мирис од усната празнина. Додатокот од екстра девствено маслиново масло и масло од магдонос, дејствува благо антисептички и заедно со цинковите соединенија врши неутрализација на производите на бактерискиот метаболизам кои го предизвикуваат непријатниот мирис.


Гингивитис, или воспаление на непцата, е почетна фаза на заболување на непцата и е најлесно да се третира. Директна причина за појава на гингивитис е плакот – меки пластови на живи и неживи микроорганизми во матрикс богат со полисахариди и гликопротеини.
Ако плакот не се отстрани со секојдневно четкање на забите, тој произведува токсини (отрови) кои го иритираат непцето, и со тоа се создава гингивитис. Во почетната фаза на заболување на непцата, може да се спречи поголема штета, бидејќи коската и ткивото што ги поврзува забите (потпорниот апарат) сè уште не се зафатени со токсичните материи. Доколку се остави нетретиран, гингивитисот може да премине во пародонтопатија, што претставува долгорочно оштетување на забите и на вилицата.
Класичните знаци и симптоми на гингивитисот вклучуваат црвени, отечени и чувствителни непца коишто можат да крвават кога ги четкате забите. Друг знак за постоење на болеста е кога непцата се раздвоени од забите.
Можете да го спречите гингивитисот пред да се појави, со:
Алуминиум лактатот е една од основните активни состојки, на којашто се должи т.н. „Лакалут ефект“. Благодарение на адстрингентното дејство (чувство на стегање), таа го зацврснува околузабното ткиво, т.е. ги намалува воспалението, отокот и црвенилото на гингивата. На тој начин , се чувствува моментално подобрување на состојбата, т.е. непцето престанува да крвари при четкањето на забите, се враќа бледорозовата боја на здрава и смирена гингива, а корисникот има чувство на „зацврснати“ непца и идеално чиста уста. Освен алуминиум лактатот, важен ефект има и хлорхексидинот, со својот антисептички депо-ефект и дејство на разбивање на постоечките и превенција од создавање на нов плак.


Пародонтопатија е болест на потпорниот апарат на забот (гингива, периодонтален лигамент, коска), која вклучува група на состојби на усната празнина. Секоја од нив вклучува воспаление на непцата и на потпорните ткива на забите. Оваа болест вообичаено започнува со гингивитис.
Пародонтопатијата се развива кога почетното воспаление на гингивата се влошува, се продлабочува и почнува да преминува на потпорните ткива на забот. Ткивата страдаат од директна инфекција со бактерискиот причинител, но и од распадните производи што се јавуваат при одбранбените реакции. Понатамошните стадиуми вклучуваат расклатување на забите поради раслојување и губење на коскената потпора. Во акутните фази на пародонтопатијата се јавува болка, гнојна содржина, како и системски ефекти врз организмот (покачена телесна температура). Последиците од несанираната пародонтопатија можат да доведат до развој на фатални заболувања – бактериски ендокардитис, атеросклероза.
Парадентозата е хронична форма на пародонтопатијата во којашто отсуствуваат карактеристичните знаци на акутно воспалена гингива, но присутно е оштетување на ткивото. Претставува посложен и потежок облик за препознавање и лекување, затоа редовната и целосна соработката со стоматологот е од клучно значење.
За устата и забите да бидат здрави, потребна е секојдневна правилна хигиена, здрава исхрана и редовна контрола кај стоматолог. На секои шест месеци би требало да направите превентивен контролен преглед во стоматолошка ординација. Доколку сте склони кон појава на гингивитис и пародонтална болест, покрај врвната техника на четкање на забите, неопходна е и хемиска контрола на плакот, преку активни состојки коишто дејствуваат антисептички и го регулираат појавувањето на плакот.


Ова оштетување се појавува кога глеѓта (надворешната обвивка што ги покрива забите) ја нема или е намалена. Постојат два типа оштетување на глеѓта:
Внатрешно
Настанува преку желудочната киселина и киселина предизвикана од медицински или психолошки причини (анорексија, булимија, итн.)
Надворешно
Настанува преку консумација на храна (шеќер, овошни и газирани пијалаци, итн.) кои во усната празнина создаваат мошне кисела средина.
Кога глеѓта е изабена, тоа може да резултира со:
Ако ги забележите овие наведени промени во вашата уста, веднаш контактирајте го вашиот стоматолог. Користете исклучиво меки четки и пасти за заби со ниско ниво на абразија.
Забната паста Lacalut White&Repair поседува активна состојка – микрокристален хидроксиапатит (течен емајл) која директно влијае на пополнување на ситните дефекти и ерозии во емајлот. Со редовна употреба таа е во можност да ги возобнови и измазни ситните дефекти и да спречи понатамошно оштетување.


Пречувствителноста на забите, или дентална хиперсензитивност, е состојба на болна чувствителност на забите на осмотски (кисело, слатко) или на термички промени (студено, жешко). Ова се случува кога се оштетува забниот емајл или се повлекува гингивата во вратниот дел на забот, со што средишниот слој на забот – дентинот, како и нервните завршетоци во него остануваат без заштита и се во директен контакт со дразбите од надворешната средина. Поединечни системски болести и одредени лекарства исто така можат да ја предизвикаат оваа состојба. Агресивните постапки за белеење на забите, како и употребата на високоабразивни пасти за заби се меѓу најчестите причини.
Претерана, болна чувствителност (како „удар од гром“) кон топла, ладна, блага или многу кисела храна или при вдишување студен воздух. Чувствителноста на забите може да е периодична, односно да се појави и да исчезне одвреме-навреме.
Се препорачува секојдневно четкање на забите по 2 минути, со мека четка и нискоабразивна паста со десензитизирачки состојки, како и чистење со забен конец еднаш дневно. Доколку постои потреба, Вашиот стоматолог ќе Ве советува за дополнителна терапија и третман и/или конзервативна изработка.
Во Lacalut Extra Sensitive се наоѓаат 5 активни состојки за намалување на претераната чувствителност, кои ги затвораат отворените нервни завршетоци и го покачуваат прагот на дразба кај нервните завршетоци. Особено значење има исклучително ниско абразивната состојка којашто темелно ги чисти забите, но не го оштетува емајлот. Дејството се чувствува по првата употреба.

